Лукас Пакета од Фламенго е првата зимска аквизиција на Милан, откако клубот денес се огласи преку официјално соопштение на нивната веб-страница. Трансферот на талентираниот Бразилец изнесува 35 милиони евра, додека тој потпиша петгодишен договор, според кој ќе се задржи на „Сан Сиро“ до 2023 година.
Овој ангажман беше потврден уште во октомври минатата година, откако двата клубови ги договорија условите за трансферот, но се чекаше почетокот на зимскиот преоден рок за Пакета и официјално да стане нов „росонер“.
Пакета дебитираше за сениорскиот тим на Фламенго во 2017 година, а од тогаш запиша 65 настапи за бразилскиот клуб на кои постигна 13 погодоци и пет асистенции.
Official statement: @LucasPaqueta97 #WelcomePaquetahttps://t.co/mrCbE0GPyI
— AC Milan (@acmilan) January 4, 2019