Македонската ракометна репрезентација денеска ќе игра против Холандија во второто коло на Светското првенство во Хрватска. Македонија е во улога на аутсајдер, но така беше и во првото коло против Унгарија, па на крајот нашите ракометари во последните секунди пропуштија победа и одиграа 27:27.
Во Sport Life има неверојатно богата понуда за мечот на којшто игра Македонија, но и за сите останати седум средби кои се денеска на програмата на Мундијалот. Може да одиграте дали Македонија прва ќе постигне три, пет, седум, 10 или 15 голови, потоа кој ќе има прв седмерец, прво исклучување, како и вкупниот број на пенали и казни од по 2 минути.
Во Бет Билдерот има 10 различни понуди за денешните дуели, а од опциите на мечот за Македонија може да се дојде и до квота од 50. Таа огромна квота би била добитна ако Македонија победи со 4, 5 или 6 гола разлика, потоа Марко Митев да постигне 4+ голови и Жарко Пешевски да постигне 4+ голови.
Има и опција Македонија да победи со 1,2 или 3 гола, а Филип Кузмановски да даде 7+ голови и Жарко Пешевски да постигне 4+ голови, а квотата за ова е 23.
Одлична е и понудата за „плус-минус“ за голови на ракометарите.