Фудбалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо, е најпопуларниот човек на светот, според бројот на следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а Португалецот реши своите фанови да ги почести со една фотографија од фитнес центар.
Роналдо кој има 37 години, е гол од половината нагоре, и на сликата се гледаат неговите мускули на стомакот и рацете, како и моќните рамења.
Оваа фотографија предизвика вистинска бура од реакции, и имаше над 2 милиони лајкови во првиот час по објавувањето.