Последен обид на Манчестер јунајтед да го купи Де Јонг – Ѓаволски добра ќе биде новата понуда за Барселона

Манчестер јунајтед ќе мора да ја зголеми понудата од 60 милиони евра за да го купи Френки Де Јонг од Барселона и се најавува дека ќе оди докрај во обидот да го доведе Холанѓанецот во своите редови.

Последната понуда од 60 милиони евра вкупно, вклучувајќи ги и бонусите е одбиена од Барслеона, а англиските медиуми најавуваат дека Црвените ѓаволи ќе ја зголемат за пет милиони евра, или точно 65 за да го ангажираат Де Јонг.

Сагата трае долго, а Де Јонг дури и најави дека сака да остане од Барселона, но Каталонците му сугерираа да не дава изјави што е знак дека може да се согласат да го продадат, ако добијат понуда што ќе биде според нивните очекувања.

Новиот менаџер на Црвените ѓаволи, Ерик Тен Хаг инсистира клубот да го ангажира неговиот сонародник и јасно е дека Манчестер ќе оди докрај во обидот во реални рамки и сума да го купи Де Јонг.

 

- Оглас -

Најнови вести