Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, прераснува во главна ѕвезда на британските таблоиди, поради својата љубов кон алкохолот. Откако Грилиш направи шоу на прославата на Граѓаните на титулата во Премиерлигата, сега повторно предизвика внимание со фотографии на кои се гледа дека е „поднапиен“.
Според информациите, Грилиш и неговото друштво, во клубот во Лас Вегас испиле 116 шишиња шампањ, и направиле сметка од 93.000 долари.
На Грилиш не му е првпат да направи ваков испад, но клубот нема проблем со тоа, и не го казнува, бидејќи Џек пие во слободно време кога нема обврски кон Сити.