Грилиш се „начука“ на прославата на Сити, па безобразно почна да навредува (Видео)

Џек Грилиш се опушти малку повеќе за време на шампионската прослава на Манчестер сити, па кога алкохолот почна да зборува наместо него, фудбалерот навреди играч на Њукасл.

„Клучно за победата над Астон Вила беше што Марез излезе од игра бидејќи играше лошо како Алмирон, и што Бернардо Силва истотака беше повлечен на клупа“ – рече пијаниот Грилиш.

Силва го снимаше ова и не му се налути на колегата, бидејќи виде во каква состојба е и не го зеде за сериозно, а додаде дека трета причина за триумфот е што Грилиш остана на клупа за резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести