Сопруга е на сопственикот на гигантот од Москва и предвидува распад на рускиот фудбал

Црни се прогнозите за иднината на рускиот фудбал и особено се стравува од распад на најквалитетната домашна лига и за голем пад на репрезентацијата.

Првиот човек на Првата лига, Ашот Качатуран си поднесе оставка во ситуација која засега е безизлезна, со санкции за руските клубови кои не можат да играат во еврокуповите.

„Рускиот фудбал е нокаутиран и се наоѓа во кома. Качатуран брзо сфати дека е немоќен и дека Првата лига не може да живее во вакви услови и нема начин да се трансформира во натпреварување што ќе биде атрактивно. Кој и да дојде на негово место, ќе се соочи со огромни проблеми и речиси со безизлезна ситуација“, вели Зарема Салихова, која е сопруга на Леонид Федун, сопственикот на гигантот Спартак Москва.

Руските клубови се под строги санкции поради војната во Украина и се исфрлени од сите натпреварувања под капата на УЕФА, а настрада и руската репрезентација која нема да игра на Мундијалот во Катар, откако беше елиминирана од баражите со одлука на ФИФА.

 

- Оглас -

Најнови вести