Тениски нокаут за Обединетото кралство – Само по три дена останаа без главните адути за титула на Вимблдон

Тежок тениски нокаут доживеа Велика Британија по двата неочекувани порази на Енди Мареј и Ема Радукану, денеска на Вимблдон.

Двата главни адути за титула на Обединетото кралство доживеаја порази од Џон Иснер и од Каролин Гарсија, и тоа на почетокот на гренслемот во Лондон, односно во третиот ден од турнирот.

Особено е тежок поразот на двојниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј од Џон Иснер со 1:3.

Шкотскиот тенисер имаше перфектен скор од 9:0 во победи во меѓусебните дуели, но не го издржа бомбардирањето на Иснер, кој сервираше 36 аса и за две кола веќе стигна до бројка од 89 директни поени од сервис.

Иснер е апсолутен рекордер на сите времиња по бројот на асови на еден меч, а во историскиот дуел со Николас Маи што се играше на Вимблдон и траеше три дена, а сервираше 113 аса.

Покрај двојниот шампион на Вимблдон, Британците загубија и голем адут во женска конкуренција, а испадна ланската победничка од Отвореното првенство на САД, Ема Радукану.

Во два сета со по 6:3 лесно успеа да ја елиминира француската тенисерка Каролин Гарсија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести