Чарли Мусонда, фудбалерот кој пет дена се водеше за исчезнат, се појави во јавноста и откри дека е добро.
Ексфудбалерот на Челзи до неодамна тренираше со тимот на Зулте Вареген и откако наводно се согласил на соработка со белгискиот клуб, исчезна без трага и глас. Двата клуб го бараа, но тој одлучи сам да исплива на површина.
„Добро сум. Со текот на годините научив дека луѓето зборуваат сешто без да ја знаат вистината, но тоа не е мој проблем. Го обожувам фудбалот и наскоро ќе му се вратам, се надевам повредите се зад мене и сега ми следува пат кон врвот. Луѓето нека продолжат да зборуваат, преодниот рок е отворен до 31 август, дотогаш ќе решам каде ќе ја продолжам кариерата, можеби во Шпанија“, истакна Мусонда.
Според изјавата, се чини дека му пропаѓа преселбата во Зулте Вареген, односно Мусонда уште нема одлучено каде ќе игра. Мина една деценија во лондонските Сини, но одеше на повеќе позајмици во Бетис, Селтик, Витесе и не доби шанса да се докаже на „Стемфорд бриџ“.