Манчестер јунајтед најде партнер за Хари Мегваер во одбраната

Манчестер јунајтед обезбеди уште едно засилување од Холандија. Новиот тренер Тен Хаг овојпат реши да доведе проверен играч, односно фудбалер од неговиот поранешен клуб Ајакс. На „Олд Трафорд“ пристигнува Лисандро Мартинез, кој наскоро треба да биде потврден како нов играч на англискиот гигант.

Аргентинецот беше цел и на Арсенал, но Манчестер беше поконкретен, а секако тука влијание имаше и тренерот Тен Хаг. Трансферот на дефанзивецот ќе биде околу 50 милиони евра.

Лисандро има 24 години, а во Ајакс дојде во 2019 година за сума од осум милиони евра, што значи дека холандскиот гигант одлично ќе заработи од продажбата во Манчестер јунајтед. Аргентинецот треба да биде партнер на капитенот Мегваер во одбраната.

- Оглас -

Најнови вести