Лион ќе ја почека и 18-тата година за пехар во Лига купот

Лион нема пехар во Лига купот на Франција од сезоната 2000/01 и ќе мора да почека барем уште една година за да го освои, по денешната елиминација од Стразбур.

Во прволигашкиот дуел гостите беа подобри, славеа со 2-1 и го елиминираа фаворитот. Стразбур поведе со голот на Лудовик Ажорке во 26-тата минута од пенал, а идентична шанса за гол не искористи Фекир. Офанзивецот на Лион промаши од белата точка во финишот на првото полувреме.

Траоре ја исправи грешката на соиграчот и со погодок во 49-тата минута израмни на 1-1, но и тоа не беше доволно за успех. Ламине Коне беше стрелец на голот за пласман во полуфиналето, а Стразбур е првиот полуфиналист во Лига купот.

 

- Оглас -

Најнови вести