Интер добива одлично засилување во одбраната

Бразилскиот стопер Глејсон Бремер ќе биде нов фудбалер на Интер од следната сезона, најавуваат италијанските медиуми. Дефанзивецот на Торино треба да се пресели на „Џузепе Меаца“ за трансфер вреден 30 милиони евра, плус можни бонуси во зависност од услесите и игрите што ќе ги има со новиот клуб.

Бремер има 25 години и во Торино дојде во 2018 година од бразилскиот Атлетико Минеиро. За четири сезони во Торино одигра 98 меча во Серија А, во кои иако дефанивец успеа да постигне 11 погодоци.

Доаѓањето на Бразилецот во Интер ќе значи и продажба на Милан Шкртел за кого се интересира Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести