Македонски маки има и Динамо Загреб и иако имаше најголема посета во премиерното коло во хрватското првенство, прескромен беше бројот на навивачите на гигантот на дуелот со Локомотива.
На „Максимир“ во „братското градско дерби имаше само 4.246 гледачи со платени влезници што е македонски синдром што ги мачи и нашите клубови со скромна посета на публика на стадионите.
Утре се очекува поголем број на гледачи во првиот меч против Шкупи во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Повторно Динамо Загреб ќе игра на „Максимир“, а мечот ќе се игра во пријатни услови од 21 часот.
Двете екипи пред да го почнат двомечот ќе го дознаат евентуалниот противник и за третото квалификациско коло на ждрепката закажана за денеска точно напладне во Нион, Швајцарија.