Ждрепка точно напладне – Подвиг на Шкупи против Динамо Загреб може да му донесе двомеч со Лудогорец, Ференцварош, Аполон…

Играчите на Шкупи веќе се со мислите насочени кон двомечот со Динамо Загреб во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, но ќе ја следат со големо внимание и ждрепката за следната филтер рунда, што ќе се одржи денеска точно напладне во Нион, Швајцарија.

Ако чаирчани успеат да приредат сезнација против фаворитот од Хрватска и бидат поуспешни од Динамо Загреб на двата дуели што ќе се играат утре на „Максимир“ од 21 часот и на 26. јули во Скопје во истиот термин, тогаш можни ривали ќе им бидат екипи од првата група и тоа од рангот на неносителите.

Тоа би биле победниците од двомечот меѓу Лудогорец и Шемрок роверс, потоа меѓу Ференцварош и Слован Братислава и Аполон Лимасол.

Натпреварите од третото квалификациско коло ќе се играат на 2/3 август и на 9 август.

Од 13 часот ќе се одржи и ждрепката за Европа Лигата, каде Македонија нема претставник.

Еден час подоцна ќе има извлекување за третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, натпреварување во кое учествуваат Македонија Ѓ.П. и Шкендија.

 

- Оглас -

Најнови вести