Динамо Загреб пристигна во Скопје со двата адути од македонската репрезентација, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и двајцата капитени.
Адеми е капитен на Динамо Загреб и еден од замениците капитени во македонската репрезентација, каде што како лидер на теренот е Стефан Ристовски со капитенската лента.
Шкупи има добар резултат, 2:2 од првиот меч во Загреб и шанса утре со победа на „Тодор Проески“ во Скопје да си обезбеди сигурен настап во фаза по групи во Конференциската лига, но и да го продолжи сонот за учество во Лигата на шампионите.
Мечот ќе се игра утре од 21 часот, а победникот ќе игра против Лудогорец или Шемрок во третото квалификациско коло за настап во ЛШ, но и ќе има загарантирано учество во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.
Првиот меч го доби Лудогорец со 3:0 на домашен терен.