Искуството си го направи своето – Борбеноста на Шкупи не беше доволна да се надигра Динамо

Шкупи загуби во реваншот против Динамо Загреб со минимални 0-1 на „Тодор Проески“ во Скопје за елиминација од шампионските квалификации по две кола.

Сепак, за македонскиот првак европскиот сон не е завршен бидејќи ќе имаат шанса да продолжат да веруваат во европска есен во Лигата на Европа доколку го добијат двомечот против Шемрок роверс.

Модрите со вкупен резултат од 3-2 направија исчекор кон групите во Лигата на шампионите благодарение на капитенот Аријан Адеми со единствениот погодок на скопската трева во 47-мата минута. За да дојде поблиску до елитното друштво, Динамо ќе треба да го елиминира Лудогорец во третото коло од квалификациите во ЛШ.

Избраниците на Седловски претрпеа ладен туш на самиот почеток од второто полувреме, на нивна штета бидејќи првите 45 минути одиграа беспрекорен фудбал во рамноправна битка и шанси за водство.

Погодокот на македонскиот репрезентативец ги урна сите планови на Шкупи, по што се почувствуа пад на нивната концентрација. Гостите можеа и до втор гол, па притисокот на домаќините во финишот не беше доволен за изненадување.

- Оглас -

Најнови вести