Адеми со ладен туш, офсајд го спасува Шкупи да не биде 0-2 (видео)

Динамо Загреб поведе со 1-0 против Шкупи благодарение на капитенот Аријан Адеми и неговата ефектна завршница во 47-мата минута.

Македонскиот репрезентативец искусно се најде на вистинското место при нафрлувањето на Менало, па лесно го матира Ивановски за значаен гол кој на гостите им носи пласман во следната рунда од европските квалификации.

Голот на Адеми можете да го видите на следниот ЛИНК.

Шкупи може да биде и задоволен што негативата е само еден гол бидејќи судискиот тим поништи гол на Динамо поради недозволена позиција само неколку моменти потоа.

 

- Оглас -

Најнови вести