Будуќност испушти прва гостинска победа во Евролигата

Будуќност продолжи да реди порази во Евролигата, овојпат  загуби на гостувањето кај Макаби Тел Авив со конечни 81:76, за вкупно 14-то разучарување. Јадранскиот првак беше на дофат од прва победа на гости во европското натпреварување, но во решавачкиот период Црногорците пропуштија шанса да се радуваат надвор од „Морача3“.

Гостите создадоа двоцифрена предност во првата четвртина, но Макаби се врати во неколку наврати, иако резултатот минимално беше во корист на Будуќност. При резултат од 61:64 за шампионот на АБА-лигата, домаќините успеаја со дополнителни сили да се извлечат од негативата и на крајот да го запишат само шестиот овосезонски триумф.

Скоти Вилбекин го предводеше домашниот состав со 16 поени, Блек додаде 12, додека кај поразените најрасположен беше Норис Кол со 25 поени и шест скока.

Панатинаикос ја запиша првата победа во Евролига под водство на новиот тренер Рик Питино. Екипата од Атина претходно го загуби грчкото дерби против Олимпијакос што му го расипа дебито на американскиот стратег, но вечерва на својт терен беа подобри од Баерн Минхен со конечни 77:67.

Претходно, ЦСКА Москва оствари лесна победа од 80:65 на гости кај наслабата екипа во европскиот шампионат, Дарушафака.

 

- Оглас -

Најнови вести