Единсон Кавани се одлучи за Бока јуниорс како негов следен клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Со аргентинтинскиот гигант во наредните часови треба да потпише шестмесечен договор, а по Мундијалот во Катар, популарниот Ил Матадор ќе има можност да ја продолжи соработката до јуни 2023 година.
Кавани летово го напушти Манчестер јунајтед по две сезони и на култната „Ла Бомбонера“ доаѓа како слободен играч. За 35-годишниот голгетер Бока ќе биде шести клуб во кариерата, која ја почна во Данубио, па во Палермо и Наполи, за да заврши во ПСЖ, каде што речиси за една деценија стана рекордер со 200 погодоци во дресот на Парижаните.