Црногорскиот напаѓач, Марко Ракоњац, кој летово од српски Чукарички се пресели во Локомотив Москва за 2,5 милиони евра, во интервју за руска телевизија, ја фалеше Русија како светска велесила, и рече дека во неговите очи Црна Гора, Србија и Русија се исто.
„Русија во очите на Црногорците е велесила, во секој смисол, економски, културен, и така натаму. Сон на секој Црногорец е да ја посети Москва барем еднаш во животот. Русија за нас е како постара сестра. Не сум читал многу историја, но од дома ни е всадена љубовта кон Русија. Мене ме учеа дека Србија, Црна Гора и Русија се исто. Имаме заедничка историја, тоа се гледа на спортски настани кога навивачите истакнуваат транспаренти“ – вели Ракоњац.
Откако се крена прашина, Ракоњац кој е новопечен сениорски репрезентативец на Црна Гора, подоцна изјави дека зборовите му биле извлечени од контекст, и дека политиката не го интересира.