Дарко Чурлинов сè уште е член на Штутгарт, веќе и играше во првото коло во Бундеслигата, но можно е сепак да настапува во Англија во новата сеозна, откако второлигашот Барнли ја зголеми понудата за него.
Популарните Кларетс сега имаат нова шема и понудија 3,25 милиони евра веднаш и плус 1,25 милиони евра во бонуси, што може да биде прифатливо за Штутгарт, кој бара пет милиони евра отштета за Чурлинов.
https://twitter.com/ClaretXtra/status/1557846022218723328?s=20&t=hBLkj3fAXvDZQ_pAMeSsZA
Според информациите што ги објави „Билд“, Андерлехт, кој беше заинтересиран за Чурлинов, нема намера да даде 5 милиони евра и е аутсајдер во трката со Барнли.