1601 Астон Вила – Евертон (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)
Астон вила имаше одличен подготвителен период за новата сезона со четири победи и едно реми во дуелот со Манчестер јунајтед, но потоа разочара на почетокот на новото издание на Премиерлигата.
Лесно со 2:0 ги победи новиот премиерлигаш Борнмут, па сега ќе бараат рехабилитација со победа против Евертон.
Карамелите загубија од Челзи минимално со 0:1, но имаа и голем пех со повредата на Бен Годфри, кој нема да игра денеска, а веројатно и подолг период.
Проблем за Евертон е што не им игра и најголемата ѕвезда Доминик Калверт-Луин, кој исто така е повреден.
Астон вила нема пораз од Евертон веќе шест години, или шест меча по ред, а имаат и поквалитетен тим, па наш избор е единица во Бирмингем.
Предлог тип: 1 (1.98) Супер тип на Sport Life
1805 Херта – Ајнтрахт (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
Ајнтрахт лошо ја почна сезоната со два порази од два гиганти. Баерн ги декласира во Франкфурт со 6:1 во премиерниот меч во Бундеслигата, а и Реал Мадрид релативно лесно ги надигра и победи со 2:0 во Суперкупот на Европа.
Голем удар е и што си замина мозокот натимот, Филип Костиќ, кој ќе игра за Јувентус, но Ајнтрахт успеа и да купи неколку квалитетни играчи и се очекува брзо да ја стабилизираат ситуацијата.
Херта се спаси од испаѓање од Бундеслигата по двомечот со Хамбургер, но пак почна по старо во новата сезона и со пораз од градскито ривал Унион Берлин.
Херта играше слабо, а и нема многу успеси против Ајнтрахт во последно време, па ќе типуваме дека и денеска нема да победи во ефикасен меч.
Предлог тип: Х2&3+ (2.80)
1006 Манчестер сити – Борнмут (Премиерлига, Англија, 16 часот)
И шампионот и новиот премиерлигаш стартуваа победнички и славеа со по 2:0, па ќе играат порастоварено, особено Борнмут, кој нема што да загуби.
Шампионот на Англија, Манчестер сити е голем фаворит, а против популарните Цреши ужива да игра.
Досега на вкупно 13 меѓусебни дуели, Сити победил на 12, а само еднаш било нерешено и тоа 0:0 во 1999 година.
Манчестер е и во серија од 11 победи по ред против Борнмут, што е јасен показател дека домаќините лесно наоѓаат рецепт за победа против денешниот ривал, а типуваме дека и сега ќе биде така со варијанта на игра 1-1&3+.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.61)
3005 Сампдорија – Аталанта (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Сампдорија претрпе многу измени во составот, откако еден куп нови играчи пристигнаа на „Мараси“, а и си замина доста фудбалери.
Тандемот од Сасуоло, Капуто и Ѓуричиќ се меѓу најзвучните засилувања на Сампдорија, но целата композиција е речиси нова и се тоа треба да се вклопи во целина и ќе треба време за да функционира според планот на тренерот Марко Џампаоло.
Аталанта не менуваше многу, си замина Мјуриел, а тимот ги откупи договорите на Демирал и на Бога, а ги донесе и Лукман и Едерсон и се чини дека е уште посилен од лани.
Тимот од Бергамо пак ќе биде еден од фаворитите од сенка за Скудетото, а наш предлог е да одиграте дека ќе победи на меч на кој ќе има барем по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (3.05)
1304 Барселона – Рајо Валјекано (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Лани Столе Димитриевски бранеше импресивно против Барселона, не прими гол на двата меча во Ла Лига, а Рајо Валјекано двапати го изненади гигантот со победи од по 1:0.
Нашиот репрезентативец со одбранет пенал на Мемфис Депај на „Валјекас“ лани, беше и главен виновник што тренерот на Барса, Роналд Куман доби отказ и тоа веднаш по мечот.
Барса сега има многу подобар состав, а се очекува да дебитира и Роберт Левандовски секако и Рафиња, Кунде, Кеси, Кристенсен… односно главните летни засилувања.
Каталонците изгледаат моќно, беа машина за голови во подгптвиетелниот период, но против Рајо лани им одеше тешко, па типуваме дека ќе има од 1-3 гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)