ПСЖ си поставил цел за оваа сезона, да биде како Арсенал од 2003/2004

Нема дилеми дека Пари Сен Жермен е најсилен француски тим во моментов, и дека Светците најверојатно ќе освојат уште една титула во Лига 1, но раководството не се задоволува само со тоа, туку на тимот на тренерот Кристоф Галтие му дале задача сезоната да ја заврши без пораз.

Инспирација за ПСЖ е фамозниот тим на Арсенал од 2003/2004, кога англиската Премиер лига ја заврши со 26 понеди и 12 ремија, без ниту еден пораз.

Еден од потешките тестови за ПСЖ ќе биде вечерашното гостување кај Лил. Ова е прв меч за парижаните после кавгата на ѕвезди Мбапе и Нејмар, па интересно ќе биде да се види како ќе се однесуваат тие на терен. Ако има пенал за ПСЖ, изведувач ќе биде Мбапе.

Досега во историјата на француската Лига 1, не се случило некој тим да ја освои титулата без пораз. ПСЖ во првите две кола победуваше убедливо и има гол-разлика 10-2.

- Оглас -

Најнови вести