Екипата на Ботафого забележа убедлива победа од 5-0 над уругвајски Пењарол на првиот меч од полуфиналето на Копа Либертадорес, но на овој натпревар му претходеше вистински хаос низ улиците на Рио де Жанеиро. Гостинските навивачи влегоа во конфликт со полицијата, па над 200 поддржувачи на уругвајската екипа беа уапсени и депортирани, па останаа без можност да го следат натпреварот на својата екипа.
Во соопштението на полицијата на Рио де Жанеиро се вели: „Навивачите биле вмешани во низа вандалски настани, грабежи, уништување на деловни објекти и возила“.
🇧🇷🇺🇾 En los Incidentes había gente de las Torcidas de Flamengo, Fluminense y Botafogo peleando contra los de Peñarol
Los mismos saquearon el colectivo de los Manyas y lo prendieron fuego pic.twitter.com/hPlcQjPIN3
— 🥊𝕳 BARRAS DEL MUNDO ⚽🍺 (@Barras_LATAM) October 23, 2024