Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо, по завршувањето на средбата Атлетико – Вилјареал, која гостите ја добија со 2-0, реши физички да се пресмета со некои фанови на Јорганџиите кои ги критикуваа него и соиграчите.
На Ермосо „му се споија жичките“ и тргна кон трибината да се тепа, но го спречуваа колеги и редари од агенцијата за обезбедување.
Според шпанските медиуми, Ермосо полудел кога еден навивач на Атлетико му рекол дека е „мадридиста“ (навивач на Реал Мадрид) и дека затоа не сакал Атлетико да победува.