Енис Барди беше стартер за Трабзонспор во дербито против Галатасарај кое заврши без голови во рамките од четвртото коло од Суперлигата на Турција.
Македонскиот репрезентативец го одигра речиси целиот натпревар, односно во 84-тата минута го напушти теренот, а до тогаш максимално се обидуваше да придонесе за неговата екипа. Проба со удари од далечина, Барди се обиде и од прекини да намести гол, но на сето тоа одолеваше одбраната на Галата.
За двата турски гиганти ова е прво реми сезонава, имаат по две победи и по еден пораз со идентичен учинок од 7 бода по четири првенствени натпревари.