Умар Садик од Алмерија направи трансфер во Реал Сосиедад, а убави пари од тој договор ќе се слеат и во касата на белградскиот Партизан.
Партизан од новиот трансфер на Садик вреден 20 милиони ќе заработи 2 милиони евра. Пред две лета, Партизан го продаде Нигериецот во Алмерија за 5,5 милиони евра со тоа што Алмерија за 3 милиони откупи 40 од 50-те проценти од правата на српскиот тим за наредна продажба, па за Партизан останаа 10 проценти од следниот трансфер, а следен е овој најавениот во Реал Сосиедад.
Партизан доби и 500.000 евра за 25-те гола на Садик во втората шпанска лига, па така се доаѓа до вкупна заработка на Црно-белите од 11 милиони евра. Таа сума е многу поголема од 3,9-те милиони евра кои Партизан ги доби од продажбата на Душан Влаховиќ од Фиорентина во Јувентус.