Бразилецот Марсело пред неколку месеци стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид. Бразилецот кој има 34 години, цели 15 години беше дел од Кралскиот клуб, а летово му истече договорот.
Само уште неколку часа остануваат до крајот на летниот преоден рок во најсилните лиги во Европа, а предмалку пристигна една помалку неверојатна информација, а тоа е дека Марсело кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лестер.
Според најавите, Бразилецот ќе потпише едногодишен договор со Лисиците. Лестер моментно се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата само со еден бод од четири меча. Лестер вечерва на свој терен игра против Манчестер јунајтед.