Левандовски направи нешто што ниту на Меси не му успеало во Барселона

Барселона води со 2:0 на гостувањето кај Севилја во меч кој е дерби на колото во шпанското првенство. Каталонскиот гигант брзо ги сруши отпорот на домаќините и преку Рафиња во 21 минута поведе со 1:0. Бразилецот летово дојде на „Камп Ноу“ за сума од 50 милиони евра.

Второто големо засилување на Барселона, Роберт Левандовски за кого исто така беа платени 50 милиони евра, беше стрелец на вториот погодок. Левандовски погоди во 36 минута и со тоа постави еден интересен рекорд.

Полјакот е првиот играч на Барселона во 21 век што успеал на првите четири меча во Примера дивисион да постигне барем пет погодоци. Тоа не му успеа ниту на Лионел Меси кога дебитираше во првите четири средби.

Освен Левандовски ваков ефект по првите четири меча во шпанското првенство ималое само уште Кристијано Роналдо во 2009 година и Радамел Фалкао во 2011 година.

 

- Оглас -

Најнови вести