Од капитенот за капитенот: Пандев доби дрес од Ристовски

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми од 18:45 часот на „Сан Сиро“ со својот Динамо ќе бијат битка против Милан за освојување на нови три бода во групната фаза од Лигата на шампионите.

Динамо успеа во првото коло да го победи Челзи на „Максимир“, а сега предизвикот е да се изненади Милан на гостински терен. Како домаќин на Ристовски и Адеми во Милано е поранешниот капитен на македонската репрезентација Горан Пандев.

Популарниот Гоче повеќе години играше за Интер, а денеска не пропушти шанса да се сретне со своите поранешни репрезентативни колеги. Кога Пандев се повлече од репрезентацијата, Ристовски ја презеде капитенската лента.

Сега Стефан му подари дрес на Горан со порака „Единствен“.

- Оглас -

Најнови вести