Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол сезонава. Како што пишувавме од претходно, Португалецот погоди од белата точка во 39-тата минута против Шериф Тираспол.
Неговиот тим, пак, Манчестер јунајтед славеше со лесни 2:0 и со тоа дојде до првата победа во групата Е од Лигата на Европа.
Енис Барди влезе во 63-тата минута на местото на Марек Хамшик, додека Трабзонспор славеше со 2:1 над Црвена ѕвезда.
Токму Хамшик го отвори резултатот за домаќините во 16-тата минута, додека Трезеге во 68-мата минута ја зголеми предноста.
Вељко Николиќ во 90-тата минута го постави конечниот резултат. Со тоа, Трабзон дојде до првата победа во групата Х од ЛЕ, додека српскиот првак има два порази од исто толку средби.