Шампионот Манчестер сити имаше лесна задача против Вулверхемптон и со два гола на Габриел Жезус во првото полувреме брзо ги разреши дилемите околу победникот.
Коуди подоцна си постигна и автогол за убедлив триумф од 3-0 на второпласираната екипа во англиското првенство.
Работата на домашниот тим му ја олесни Вили Боли со несмасниот старт во 19-тата минута, а казната беше црвен картон, па популарните „волци“ играа долго со фудбалер помалку.
Манчестер сити имаше уште шанси за поубедлив триумф, но за нив е најважно што го задржаа чекорот со Ливерпул во битката за титулата. Разликата во корист на Ливерпул остана 4 бодови, а Тотенхем заостана по поразот од Манчестер јунајтед.