Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо воопшто не планира во блиска иднина да се повлече од националниот тим. Роналдо има 37 години и за помалку од два месеца треба да ја предводи Португалија на Светското првенство во Катар.
Мундијалот во Катар најверојатно нема да биде последно големо натпреварување за Португалецот затоа што тој сака уште неколку години да ги брани државните бои.
„Се надевам дека уште неколку години ќе бидам дел од националниот тим. Уште имам голема мотивација. Мојот пат во репрезентацијата нема да заврши наскоро“, вели Роналдо, кој е светски рекордер по бројот на постигнати голови на репрезентативно ниво. Тој има 117 погодоци во дресот на Португалија, во исто така рекордни 189 натпревари.