Сериозен пропуст на организаторите и инцидент на „Лејвер купот“ во Лондон се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман, а на тенискиот терен влета млад човек и си ја запали раката.
Обезбедувањето потвфрли, па дури и букна оган близу до мрежата, за среќа без сериозни последици за човекот што дотрча на теренод трибините.
На маицата имаше порака: Сопрете ги комерцијалните летови за Велика Британија.
Јасно е дека станува збор за политички активист, кој на чуден начин успеа да ги измами сите прстени на обезбедување и да предизвика сериозен инцидент во Лондон.
Watch bizarre moment idiot tennis fan sets himself on fire during Laver Cup event at O2 Arena #LaverCup pic.twitter.com/Cr0AtiEZ2q
— Sun Sport (@SunSport) September 23, 2022
Вечерва од 21.30 часот Роџер Федерер ќе го игра последниот меч во кариерата во игра на двојки со Рафаел Надал, а противници во Лондон ќе им бидат Американците Сок и Тиафо.