Англичаните отворија нов фронт против домаќинот на Мундијалот, Катар и тврдат дека има премногу загинати работници при изградбата на објектите на кои во ноември и декември треба да се игра Светското првенство во фудбал.
Во кампањата со која е нападнат организаторот на СП се вклучи и Гери Невил, кој е соработник на „Скај спорт“.
„Шокиран сум од бројот на загинати работници кој се движи од 4.000 до 4.500 во услови што се мизерни. Работат за скромни 270 долари месечно, што е бедно за земја што има богаташи кои живеат во раскош.
Местата во кои живеат работниците се мизерни и не се достојни за во нив да прстојуваат луѓе“, обвини Невил.
Со слични обвинувања Катарците ги нападна и „Дејли Мејл“, а новинарите на овој медиум објавија дека има над 2.800 жртви при изградбата на објектите на кои ќе се игра Мундијалот.
Домаќините одговорија сека се е тоа лажна пропаганда и објавија дека само тројца работници го загубиле животот при изградбата на објектите на кои ќе се играат натпревари од 21. ноември до 18. декември.