Иако пред неколку дена Ванда Нара кажа дека се разведува од Мауро Икарди, сепак има нов пресврт во оваа љубовна сапуница.
Парот којшто често ги полни таблоидите, тоа го стори и овојпат, каде што сега може да се види дека повторно се заедно.
Мауро на својот профил на „Инстаграм“ стави фотографија од него и Ванда, додека исто така тој објави и „стори“ на кое и праќа бакнежи на Ванда, како и разговара со неа.
Очигледно е дека барем во овие моменти нема ништо од разводот што го најавуваше Ванда.