Помалку од два месеци останува до стартот на Светското првенство во Катар, а веќе се прават калкулации за тоа кои селекции какви шанси имаат на планетарниот собир. Суперкомпјутер направи пресметки за тоа како може да се движат резултатите на Мундијалот и кои репрезентации имаат најголеми шанси за успех.
Калкулациите се дека Србија нема да ја помине групната фаза, Хрватска би влегла во нокаут-фазата, но нема да го повтори успехот од пред четири години, кога во Русија играше во финалето против Франција.
За Англија се предвидува дека ќе стигне да испадне во четвртфиналето, додека најголеми шанси да играат во полуфиналето им се дава на Аргентина, Бразил, Белгија и Франција, додека најголеми шанси во финалето да играат Бразил и Франција.
Сепак, ова се само калкулации, кои исчезнуваат кога започнува фудбалската магија на теренот, каде што сите опции се можни.