Лорис му го врати подарокот на Арсенал – Легна несмасно на топка, искористи итриот Жезус (Видео)

Репрезентативецот на Франција, Иго Лорис реагираше несмасно на почетокот на второто полувреме и му подари водечки гол на Арсенал на дербито против Тотенхем во Лондон.

Лорис „легна“ на топката и таа мина под него, а искористи итриот Габриел Жезус и во гужва пред голот на гостите погоди за 2:1.

Претходно Томас Парти со гол во 20. минута му донесе предност на Арсенал.

Единаесет минути подоцна домаќините, односно Гранит Џака му подарија пенал на Тотенхем, а Хари Кејн израмни на 1:1 и постави рекирд како прв фудбалер во Премиер лигата што постигнал 100 гола на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести