Парти даде еврогол, на Арсенал му е забавно во големото дерби со Тотенхем (Видео)

Томас Парти даде прекрасен гол во 20. минута со кој Арсенал води со 1:0 во големото дерби на Северен Лондон против Тотенхем.

Репрезентативецот на Гана го совлада Иго Лорис со одличен удар од над 10 метри, а го погоди самиот агол и тоа на местото каде што беше голманот на Тотенхем.

Арсенал апсолутно доминираше во првата фаза од мечот и во првите половина час имаше посед на топка од 66 посто со вкупно шест удари наспроти само еден на големиот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести