Миовски е незадржлив: Нови два гола за Македонецот во Абердин

Бојан Миовски покажува дека е главен адут на Абердин откако постигна нови два гола во дуелот против Килманрок. Македонскиот репреентативец најпрво погоди во 24 минута од пенал кога зголеми на 2:0, а потоа се израдува на погодок во 45 минута кога домаќините стигна до предност до 3:1.

Миовски играше до 66 минута, а во тој момент Абердин имаше убедлива предност од 4:1, па тренерот на домаќините реши дека нема потреба Македонецот да биде уште на теренот затоа што малксимално си ја заврши својата работа, односно даде два гола.

Со овие два погодоци Миовски стигна до седум гола во првите осум кола од Премиер лигата на Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести