Бока јуниорс минимално со 1:0 го победи Велес Сарсфилд во дербито на аргентинското првенство, триумф со кој домаќините се искачија на првото место на табелата и на пет кола до крајот го имаат адутот за освојување на титулата.
Радост на „Ла Бомбоњера“ донесе младиот 19-годишен Гонзало Моралес со првиот гол во аргентинското првенство. Моралес погоди во 79-тата минута, а потоа имаше „пеколни“ 15-тина минути до крајот.
Се играше 89-тата минута кога гостинскиот играч Ортега жестоко стартуваше и направи фаул, по кој зовреа страстите кај фудбалерите. Се случи голема мешаница, а судијата освен на Ортега, црвени картони покажа и за по еден домашен и еден гостински играч.
Во судиското надополнување, и тоа во 90+6 минута, повторно имаше тензии, но овојпат арбитерот страстите ги смири со доделување на четири жолти картони (три за гостите и еден за домаќините).
EXPULSADO ORTEGA POR UN PATADÓN A ADVÍNCULA
EXPULSADOS TAMBIÉN VÁZQUEZ Y GÓMEZ pic.twitter.com/hH5rff7WJe— C.A.B.J. Gol (@CABJGol01) October 2, 2022
ѓ