Англиските медиуми објавуваат дека скаути на Ливерпул биле во Истанбул да го гледаат Галатасарај на мечот со Коњаспор, тим во кој има дури четворица фудбалери кои се интересни за Црвените, и во иднина би можеле да го облечат дресот на гигантот од „Енфилд“.
Ливерпул се интересира за дефанзивците Саша Бој и Виктор Нелсон, како и за офанзивците Керем Актуркоглу и Јунус Акѓун. Двајца од нив имаат по 22, а двајца 23 години.