Ерлинг Халанд сезонава потпиша за Манчестер сити и делува незадржливо за противниците. Норвешкиот репрезентативец даде дури 19 голови во само 12 меча за Граѓаните и покажа дека ќе биде огромно засилување за тимот на Пеп Гвардиола.
Навивачите на Сити се радуваат на игрите на Халанд, но останатите фанови во Премиер игата се загрижени затоа што нивните омилени клубови нема да може да го сопрат голгетерот, па на социјалните мрежи веќе подолго време има една необична иницијатива.
Се започна како на шега, а тоа е петиција Халанд да биде исфрлен од Премиер лигата затоа што е робот. Тоа што стартуваше сосема спонтано, за кратко време собра неверојатни два милиони потписи, па мораше да реагира и британскиот парламент.
Amazing 😂 pic.twitter.com/LV8Upg1EM4
— SPORTbible (@sportbible) October 5, 2022
Од законодавниот дом на Велика Британија јасно потачаа дека оваа петиција без да биде разгледувана, ќе биде одбиена, иако има преку два милиони потписи. На сите им е јасно дека се работи за шега, а пораката за навивачите е веќе да не прават такви иницијативи, затоа што во земјата има многу посериозни работи за кои треба да се размислува.