Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Дрејмонд Грин јавно се извини поради инцидентот на тренингот кога брутално го нокаутираше соиграчот Џордан Пул. Грин призна дека тоа било очаен негов потег и не требало тоа да го направи, но сепак потенцираше дека видеото кое се појави во јавноста е пуштено така за да излезе дека само тој е единствен виновник за инцидентот.
„Го изгледав видеото 15 пати, можеби и повеќе. Кога го видов, бев свесен дека изгледа ужасно тоа што го направив. Потоа сфатив дека снимката е објавена на начин за јас да испаднам целосен виновник. На видеото нема звук, монтиран е така за да се види како јас одам кон него и мислам дека тоа е ужасно. И навистина е ужасно. Без разлика на се, тоа што го направив е погрешно. Сепак, да бидам искрен, навистина е глупаво видеото што излезе во јавност. Никогаш претходно не се појавило видео од тренинг, кога давам совети на помладите, кога правиме тактики. Ова е прв пат да се појави видео, а без оглед на се, тоа што го направив беше погрешно“, објаснува Грин.
Според американските медиуми, Грин збеснал поради константните провокации кои Пул ги правел во текот на предсезонските мечеви и на тренинзите.