Екипата на Валенсија води со 0:1 по првото полувреме на гостувањето кај Севилја во рамки на 10-тото коло во Ла Лига. Стрелец на единствениот гол беше уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани, и тоа во шестата минута.
Интересно е што Кавани во петте натпревари за Валенсија постигна три гола и има дадено повеќе голови отколку што даде цела ланска сезона кога го носеше дресот на Манчестер јунајтед. Кавани минатата сезона постигна само два гола за Црвените ѓаволи.
Валенсија покрај водството, беше поопасен тим на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, упати девет шута, од кои три завршија во рамките на голот на Боно, а еден и во мрежата. Валенсија во 31-вата минута даде уште еден гол за Валенсија, но беше поништен поради офсајд.
Севилја имаше две шанси да дојде до израмнување преку Рафа Мир, но неговите шутеви во 16-тата и во 18-тата минута беа запрени од голманот на Лилјаците.