Фалкао со гол во судиското продолжение го остави поранешниот тим без победа

Екипата на Рајо Валјекано со гол во 91-вата минута се спаси од пораз во градското дерби против Атлетико Мадрид. Поранешниот играч на Атлетико, Радамел Фалкао, во првата минута од судиското продолжение го реализира ударот од белата точка и ги шокира Јорганџиите.

На пеналот му претходеше играње со рака на Хименез во сопствениот шеснаесетник,
Претходно, Атлетико поведе со голот на Алваро Мората во 20-тата минута откако успешно ја избегна офсајд-замката.

Домаќините постигнаа уште еден гол во 81-вата минута преку Антоан Гриезман, но судијата Вилануева го поништи поради офсајд.
И покрај примениот гол, голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, одигра добар меч и имаше три успешни интервенции и на крајот неговиот тим освои еден бод и дојде до вкупно 12 бода за 10-тата позиција на табелата во Ла Лига. Атлетико пропушти шанса да се израмни со Барселона на второто место на табелата.

Хетафе и Атлетик Билбао одиграа без победник 2:2. Инаки Вилијамс во втората минута им донесе водство на гостите, но Алена израмни во 27-мата минута.
Во вториот дел, повторно Атлетик поведе, овојпат преку Гарсија во 62-рата минута, а Хетафе до бод дојде благодарение на Мунид ел Хадади.

- Оглас -

Најнови вести