Столе Димитриевски повторно бранеше на врвно ниво и има нов шут-аут и тоа на еден од најжешките терени во Шпанија, на „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја.
Рајо Валјекано конечно ја победи Севилја по 10 години пауза, и по цели 22 години на нејзин терен, а вечерва беше 1:0 за гостите од Мадрид.
Еден од клучните моменти се случи во 51. минута, а Димитриевски имаше блескава одбрана со што спречи водство на Севилја.
DON STOLE DIMITRIEVSKI
pic.twitter.com/8oPjx9kjLn— Pitismo⚡ (@pitiadrv) October 29, 2022
Алваро Гарсија погоди во 61. минута и тимот за кој брани нашиот репрезентативец Димитриевски конечно урна две исклучително лоши традиции.
Рајо за првпат победи на „Рамон Санчес Писхуан“ по 2000 година, а воопшто мадриѓани немаа победа против Севилја цели 10 години, односно од 2012 година.
Во истиот термин од 18.30 часот во Топ-5 лигите Фулам и Евертон одиграа без голови, а Борусија Дортмунд го победи Ајнтрахт во Франкфурт со 2:1.