Маурицио Сари беше бесен како рис по поразот на Лацио од Феенорд со 1:0, што го исфрли римскиот тим од Лигата на Европа во најнеизвесната група можеби и на сите времиња во еврокуповите.
Сите четири екипи, Феенорд, Митјиланд, Лацио и Штурм, завршија со по 8 бода, а холандскиот и данскиот тим имаа најмногу среќа и продолжуват во Лигата на Европа, додека Лацио се сели во Конференциската лига, а Штурм целосно испадна.
„Судијата беше ужасно лош. Па тој би изнервирал и светец. Да сум претседател на Лацио и да одлучувам, воопшто не би играле во Конференциската лига“, изјави тренерот на Лацио.
Мечот го судеше босанаскиот судија Ирфан Пељто, а гостите од Италија и особено Сари се жалат на победничкиот гол на Феенорд во 64-тата минута, на кој според гостинскиот тренер, му претходеле два чисти фаули во истата акција.
На крајот масло на оган беше и исклучувањето на 17-годишниот Лука Ромеро, па Сари вели дека Лацио е драстично оштетен.