Невидено: Судијата исклучи дури седиммина фудбалери на Бока јуниорс, трофејот за Расинг! (Видео)

Финалето на Трофејот на шампионите во Аргентина мина во знакот на судијата Факундо Телјо, кој покажа дури 10 црвени картони во мечот во кој Расинг ја победи Бока јуниорс со 2-1.

Од Бока беа исклучени седуммина, а од Расинг тројца фудбалери. Најголем дел од црвените картони беа покажани во самиот финиш, па средбата беше прекината. Црвен картон доби и тренерот на Бока.

Расинг до победата дојде со гол во 118-тата минута, а шоуто со црвени почна токму со стрелецот Алкараз, кој непристојно го прославуваше погодокот.

- Оглас -

Најнови вести