Столе Димитриевски е пред нов предизвик во Ла Лига, веројатно и најголемиот можен и вечерва од 21 часот ќе брани против Реал Мадрид.
Досега нашиот репрезентативец бранеше само двапати како член на Рајо Валјекано против најтрофејниот шпански и европски клуб.
Во 2018 година Реал победи со 1:0 на „Сантијаго Бернабеу“, а стрелец беше Карим Бензема во 13-тата минута.
Лани, кога Рајо Валјекано загуби со 2:1, повторно на храмот на фудбалот, во домот на Реал, стрелец беа Бензема и Крос.
Вечерва во третиот настап на Столе против Реал ќе се игра на „Валјекас“, домот на Рајо Валјекано во Мадрид, а и ќе ги нема стрелците на головите од двата меча, едниот игран на 15 декември во 2018 година, а вториот на шести номеври лани, или точно пред една година.
Ниту Тони Крос, кој ја погоди мрежата на Димитриевски во 14-тата минута, ниту Карим Бензема, кој беше стрелец во 38-мата минута, не се во составот на Реал, а ниту на клупата за резерви.
Крос мора да ја одлежи суспензијата за црвениот картон, а најдобриот фудбалер на светот, Бензема, е повреден.
Со победа Рајо Валјекано би имал 21 бод и би се израмнил со Атлетик Билбао на седмото место во Ла Лига, а со триумф Реал Мадрид се враќа на врвот со 35 бода, еден повеќе од Барселона по 13 кола.